Во зоолошката градина во Стафордшир, Велика Британија, 11-годишниот Кентаки станал вистинска атракција. Додека неговите “пријатели“ пливаат во водата, тој ги гледа од сигурна оддалеченост. Се ужаснува од ладната вода и никако не можат да го натераат да заплива.


-Малку е необично да гледаш пингвин кој не сака вода. Сите го сакаат бидејќи е посебен и не се откажува. Се обидовме на различни начини да го натераме да влезе во вода, но не се дава, вели Адам Стивенсон, чувар на паркот.

Стана вистинска атракција, и луѓето доаѓаат во зоолошката градина да го видат осамениот пингвин како стои на карпа, додека неговите “пријатели“ се брчкаат во водата.