Пиер, 25 годишен пингвин кој живее во калифорниската академија на науки, добил пливачко одело.

За разлика од морските цицачи кои имаат слој со масно поткожно ткиво, на пингвините само нивните пердуви им ја одржуваат топлината. Пиер во своите поодминати години почнал пополека да „ќелави“ и да се смрзнува, така што веќе не можел да ги прати активностите на пингвинското друштво. За да му помогнат да може повторно да оди на прошетки и да скока во ладната вода, научниците му направиле мало гумено одело кое му го порива целото торзо, се врзува отпозади а има и мали отвори за крилата.


На почеток ги плашело дали остатокот од јатото ќе го прифати новиот имиџ од Пиер, бидејќи оделото е потполно црно и се двои помеѓу белите стомаци од останатите пингвини, но никој од нив немал проблем со облечениот колега.

После 6 недели носење на гуменото капутче, Пиер живнал, малце се здебелил, а добил и нешто пердуви на оголените делови од телото. После последната проверка повеќе од времето го поминувал на карпите заедно со својата партнерка и повремено се осмелувал да скокне во водата.

Научниците заклучиле дека Пиер толку многу се опораваил така што наскоро ќе може и да го соблече гуменото одело.