Пинат е двегодишен мелес со растргнати влакна и изобличени очи, а поради кривите заби изгледа како постојано да се лути, но сепај е мило куче, но и победник на овогодинешниот избор за најгрдо куче. На својата сопственичка и донел награда од 1500 доларо, но и огромен трофеј. Пред да најде дом, девет месеци бил во азил за животни. Неговата сопственичка Холи Чендлер од Северна Каролина раскажала дека како мало кученце било тешко изгорено, а таа со посвојувањето сакала да ја подигне свеста за злоставување на животните.
Наградата ќе ја искористи како би платила за лекување на други животни. Вели дека додеке муцката на Пинат ги плашела другите, неа и го растопило срцето. Додала дека не треба луѓето да се плашат од неговите заби, бидејќи тој само се смеел поради се што минал додека бил мало кутренце. Инаку, ова е 26-та година по ред да се организира избор за најгрди кучиња во Калифорнија, а меѓу критериумите важни за изборот биле посебните и необични атрибути, посебноста и природната грдотија.