Пилулите за контрацепција би можеле да бидат причина поради која на некои жени им се допаѓаат нежни, а на некои мачо типови. Според Британските експерти, жените на кои хормоните им се контролирани од хемикалии помалку им се допаѓаат мускулести груби мажи.


Во периодот на овулација, жените кои не се на пилули повеќе ги привлекуваат мажествени доминантни мажи кои се тотално спротивни на нив. Оние пак, кои земаат пилули сакаат нежни мажи кои се слични на нив, што докажува дека генетската сличност меѓу паровите може да биде поврзана со неплодноста.