Пилотот Дејвид Иботсон е виновен за падот на авионот „Пајпер Малибу“ во кој се наоѓа и фудбалерот Емилијано Сала. Искусниот пилот направил серија грешки пред и во текот на летото кои довеле до фатална несреќа за неговиот и животот на Сала.

  • Иботсон првично згрешил што ги не ги користел инструментите во авионот за лет во временски неприлики. Облаците над англискиот канал му го отежнувале видот на пилотот кој морал да ги користи помагателите во такви временски услови. Пилотот исто така во записникот од се уште неразјаснети причини навел друг лет, а не оној кој се покажа кобен. – стои во извештајот од аргентинскиот новинар кој води истрага за падот на авионот.

Во еден од документите стои дека Иботсон немал право да управува авион со патници, но и тука го прекршил правилото управувајќи го „Пајпер Малибу“ во кој се наоѓаше несреќниот Сала.

Телото на фудбалерот пронајдено беше после втората потрага иницирана од колегите на Сала, додека се уште не е најдено телото на Иботсон.

OhridNews