Вториот пилот на исчезнатиот авионот на компанијата „Malaysia Airlines“ кој исчезна од радарите на 7-ми март, се обидел да се јави од својот мобилен телефон за време на судбоносниот лет, пишува во саботата малезискиот весник The New Strait Times, пренесува „Макфакс“.
Овој податок го откриле криминалистичките истражители, кои се обидуваат да разјаснат што се случувало во авионот кој наеднаш исчезнал од радарите, откако неочекувано го променил курсот од малезиската престолнина Куала Лумпур кон кинеска Пекинг, и како што се претпоставува се урнал во водите на Индискиот Океан, илјадници милји од означената маршрута.
Детективите особено појасниле дека повикот од мобилниот телефона на Фарик Абдул Хамид бил направен кусо време откако авионот исчезнал од екраните на радарите. Овој факт бил потврден од податоците на телекомуникациите, коишто укажуваат дека во тој момент авионот летал на ниска височина, што го овозможило повикот, но кој бил прекинат.
„Телекомуникацискиот предавател уловил сигнал на повик кој тој (пилотот) се обидел да го направи. Повикот бил прекината, најверојатно бидејќи авионот брзо се оддалечувал од предавателот и сѐ уште не бил во опсегот на следниот предавател“, изјавил за весникот извори близок на истрагата.
Во интерес на истрагата, соговорникот не сакал да го открие идентитетот на сопственикот на телефонскиот број на кој се обидел да ѕвони пилотот. Според експертите, локалните телекомуникациски предаватели можат да регистрираат сигнал од мобилен телефон од височина на 2.100 метри, но сепак експертите утврдиле дека авиони ја намалил височината на 1.500 метри, кога го менувал курсот од над Јужното-Кинеско Море, кон јужниот дел на Индискиот Океан.
Истрагата, исто така, утврдила дека пилотот Хамид два часа пред полетувањето имал телефонски повик од својот мобилен телефона на број на „постојан претплатник“., Непосредно пред летото телефонот бил исклучен, а за време на прелетувањето над островот Пенанг телефонот повторно бил вклучен. Братучетката на пилотот Нурсиафика Камарудин изјавила дека Хамид, кој на 1-ви април требало да наполни 28 години, бил многу поврзан со мајка си и, според неа, доколку тој би се јавил некому, тогаш сигурно би ја повикал мајка му.
OhridNews
извор:„Макфакс“