Пилотот на американскиот ловец Ф-16, Лукас Грунтер, чиј авион падна во Јадранското море, а неговото тело во четврток беше пронајдено во морето покрај Пескара, за неколку недели требало да го добие првото дете, пренесува „Макфакс“.

Триесет и две годишниот пилот, кој за време на тренинг лет се урна во Јадранот, во рок од неколку седмици требало да ги почувствува магиите на татковството, пишува Даилѕ Маил.

За време на истрагата во Јадранско Море, неговото семејство, а посебно сопругата Кејси, која само за неколку недели треба да се породи со нивната ќеркичка Серена, не губеле надеж.

По наоѓањето на телото, семејството во јавноста изрази тага и благодарност до оние кои неуморно го бараа Грунтер.

„Сочувствителниот сопруг, саканиот син и верен брат Лук, зад себе остава семејство кое го сакаше. Иако никогаш нема потполно да се опоравиме од загубата, многу ни значи фактот дека Лук за време на животот направи значајна разлика во животите на сите кои ги познаваше“, напиша неговото семејство.

OhridNews
извор:„Макфакс“