Трагично загинатиот аргентински фудбалер, Емилијано Сала го загуби животот во авионската несреќа на 21 јануари годинава, а по два месеци од несреќата се откриваат детали за пилотот Дејвид Иботсон кој го управувал малиот „пајпер“ авион.

Како што пренесува BBC, Иботсон бил далтонист, не можел да ги разликува боите, а кога тоа се случува со пилот, тој никако не смее да лета ноќе, а трагедијата се случи токму во такви околности. Од Службата за цивилно воздухопловство наведуваат дека пилотот би требало да има посебни очила за таков тип летови.

  • Ако личнота не може да разликува бои, тогаш никако не може да биде пилот ноќе, затоа што не може да прави разлика меѓу зелени и црвени светла, што е клучно за ноќни летови. – изјавил неименуван извор од авијацијата.

Исчезнатиот пилот, чие тело за разлика од Сала, не беше пронајдено остави зад себе три деца, а шпекулациите се дека бил во големи долгови, па освен пилотирањето на мали авиони на комерцијални летови, работел и како водоинсталатер.

OhridNews