Поради немарноста на пилотот и копилотот летот на авионот на нискотарифната компанија Go! од главниот град на Хаваите Хонолулу до островот Охаху за малку ќе завршел трагично за 40-мината патници.

Иако летот вообичаено трае 30 минути, пилотите го наместиле автоматското управување и заспале. Првиот повик од контролорот на летање бил упатен по 15-тина минути за да пилотите потврдат дека се подготвуваат за слетување. Следните седум минути контролорот залудно ги повикувал пилотите, додека авионот на 6400 метри височина опасно се приближувал до одредиштето.


пилоти на Go го преспале летот

По 11 безуспешни повици, контролорите конечно успеале да ги пробудат пилотите по 32 минути лет. На прашањето дали имаат вонредна ситуација, бидејќи не се јавувале и го промашиле одредиштето за 25 километри, пилотите се збуниле и не дале разумно објаснување.

Конечно, пет минути подоцна, авионот успешно слетал. Немарноста на пилотите ги запрепастила нивните колеги, а целиот инцидент нема да помине неказнето. Американските власти покренале истрага против пилотот и копилотот, а портпаролот на компанијата не сакал да го коментира нивното неодговорно однесување.

Јасминка Т. Момироска