Елген Лонг (82) во вторникот примил диплома од средното училиште кое го напуштил во 1944 година за да и се придружи на американската морнарица во Втората Светска Војна. Поставил нов светски рекорд – најдолго време кое му требало на некој човек за да заврши средно училиште. Вели дека на некои им требаат 4, на некои 5, а тој си дозволил 69 години. Тој е повеќе познат по тоа што е единствениот човек кој сам го прелетал светот, како и Јужниот и Северниот Пол.
Освен што поминал повеќе од 40 илјади часа управувајќи авион, последните 20 години ги поминал истражувајќи го исчезнувањето на Амели Ерхарт. Според неговата книга е снимен и филмот Амелиа, со Хилари Свонк и Ричард Гир во главните улоги. Својот живот го опишал како голема авантура и рекол дека денешните деца ќе имаат прекрасна иднина.