Авиокомпанијата Кетеј Пацифик од Хонг Конг соопштила дека е започната истрага поради тоа што еден пилот бил снимен како спие над командите на еден патнички авион, кој во тој момент се наоѓал на висина од 11 илјади метри. Фотографијата ја направил копилотот и таа се појавила во локалните весници. Иако лицето на пилотот било замаглено, во компанијата препознале за кого станува збор. Била спроведена дисциплинска постапка и против пилотот и против копилотот, кој ги прекршил правилата бидејќи во кокпитот било строго забрането фотографирање.


Во соопштението на компанијата се наведува дека фотографијата била направена во август, на летот од Дубаи до Хонг Конг, а на неа се гледа како пилотот на Ербас А430 спие на своето седиште поставено во хоризонтална положба. Компанијата навела дека пилотот најверојатно не направил прекршок, бидејќи капетанот за време на долги летови во исклучителни случаи има право на таканаречен контролиран одмор.