Пилотот кој ја надлетувал забранетата зона во која летуваат францускиот претседател Николас Саркози и неговата сопруга Карла, приведен е пред два дена во аеродромот Фајенс, објавила вчера француската полиција.

Човекот кој полетувал од Фајенс објаснил дека долж обалата се упатил во Кастелет, но дека тоа бил неговиот прв голем лет и дека погрешил. Пилотот, возач на автобус и неговиот пријател ја надлетувале летната резиденција на францускиот претседател.


Полицијата во фотоапаратот на двајцата членови на екипажот не пронашла фотографии од летувалиштето. Контролната кула на аеродромот Хајерес, кој ги забележал во забранетата зона за летање, покренал узбуна. Кога се воспоставила врска, пилотот направил полукруг и се вратил во Фајанс.

Спрема службената одлука надлетување на ртот Негро е забрането, а кршење на забраната за надлетување може да се казни со глоба од 15 000 до 45 000 евра и затворска казна од шест месеци до една година.