На еден пилот на компанијата Скандинавиан Ерлајнс му забраниле да полета од аеродромот Арланд во Стокхолм бидејќи паднал на рутински алкотест. Портпаролката на полицијата потврдила дека едно лице не го минало тестот. На пилотот му било измерено количество алкохол во крвта повисоко од еден промил, што е 0,8 промили повеќе од дозволеното.
Шведските закони за возачите и пилотите дозволуваат најмногу 0,2 промили алкохол во крвта. По направениот алкотест, на пилотот му било9 забрането полетување во вторникот попладне. Според правилата, пилотите не смеат да летаат доколку осум часа пред полетувањето имаат повеќе од 0,2 промили алкохол во крвта.