Судот во Калифорнија му ја одзел дозволата на еден пилот на комерцијален хеликоптер кој за време на летот имал сексуален однос. Судот оценил дека Дејвид Марк направил огромен пропуст и дека дозволата не може да ја добие назад. Инцидентот датира уште од 2005 година кога еден патник го снимил Дејвид и една порно глумица.
Кога снимката излегла во јавност федералната управа за авијација му ја одзела дозволата. Марк на сослушувањето признал дека се однесувал неодговорно и навел дека оттогаш е многу поодговорен, но тоа не влијаело на одлуката на судот.