Британски пилот, кој загинал во текот на бомбардирањето на Берлин пред 64 години, конечно ќе биде погребан со сите воени почести.

Поручникот Џон Бремнер умрел во својата дваесет и прва година од животот, заедно со други војници, кога нивниот бомбардер „Халифакс“ паднал во 1944 година.


Неговите остатоци не биле пронајдени се до 2006 година, кога еден од преживеаните членови на екипажот, бивш пилот, Рег Вилсон, го открил местото на падот на авионот.

Бремнер ќе биде погребан на воените гробишта Херштрасе во Берлин, покрај поручникот Ерик Чурч и наредникот Кенет Стенбриџ, кои загинале заедно со него.