Неверојатна среќа послужила еден 80-годишен пилот од Полска, кој без да се повреди својот мал авион наместо на улица безбедно го спуштил на дрво. Тој успеал сам да излезе од кабината и на висина од 5 метри да почека да го спуштат пожарникарите.

Од локалната полиција изјавиле дека пилотот сам излегол од кабината и дека на спасувачите им се пожалил само од помали болки во рбетот. Лекарите подоцна констатирале дека тој навистина е добро. Пилотот стар 80 години авионот за две лица го изнајмил во соседна Чешка, а засега не е познато зошто бил принуден да слета и дали за тоа бил виновен орканскиот ветер кој дувал над Полска.