Менаџерот на популарниот ланец на пицерии “Domino’s”, Енди Ричи во текот на својата кариера добил прилично многу порачки, но ниту една не била како оваа: да нахрани цел авион со гладни, уморни и нервозни патници. Пилотот на авиокомпанијата Фронтир Ерлајнс се јавил во пицеријата во Шајен и нарачал пица за 160 патници и членови на екипажот за да им се оддолжи за доцнењето на авионот. Ричи и неговите двајца вработени спремиле пици и ги испратиле на аеродормот. „Ги донесовме до шалтерот за чекирање и тогаш вработените го испратија нашиот шофер до авионот каде што пиците беа предадени на стујардесите„ изјавил Ричи за АФП.
Се претпоставува дека во авионот немало храна и затоа пилотот одлучил на ваков начин да им се оддолжи на патниците. Според зборовите на еден од патниците, пилотот се обратил со зборовите:„Дами и господа, Фронтир Ерлајнс е можеби една од најевтините авиокомпании во САД, но вашиот пилот не е скржав“. И нарачал пици за целиот авион. Ричи потврдил дека пилотот платил за пиците со кредитна картичка, а сметката изнесувала неколку стотини долари.