Пилот на патнички авион е уапсен на лондонскиот аеродром поради сомнение дека имал поголема количина на алкохол во крвта над дозволената граница.


Полицијата влегла во авионот на компанијата „United Airlines“ пред полетувањето и го уапсила 44 годишниот пилот .

Портпаролката на „United Airlines“ рекла дека пилотот е суспендиран, но не сакала да каже на која линија бил летот.

Во соопштението на „United Airlines“ се наведува дека сигурноста на патниците е приоритет на компанијата и дека пилотот е повлечен од службата се додека не заврши истрагата.