Пилотот на воздухопловната компанија Air Canada колегите морале да го отстранат од пилотската кабина и да го врзат откако доживеал нервен слом за време на летот Торонто-Лондон.

Пилотот, според кажувањата на очевидците, одеднаш почнал да вика и пцуе, да го повикува Господ и да ги соблекува чевлите. Загрижените колеги морале со употреба на сила да го отстранат од пилотската кабина. Кога ја превзеле контролата над авионот, принудно слетале во Шенон, Ирска.

„Беше вон себе. Силно викаше, а кога се обидоа да му ги облечат чевлите,пцуеше и им се закануваше на луѓето. Не ми изгледаше дека е пијан. Истовремено пцуеше и го повикуваше Бога. Рече дека сакал да разговара со него“ изјавил еден од патниците кој видел како го изнесуваат од кабината.

Портпаролот на Air Canada Питер Фицпатрик рекол дека пилотот не се чувствувал добро, но одбил да коментира дали му е пружена психијатриска помош.
„Авионот слетал како што треба и во ниеден момент не била доведена во прашање сигурноста на патниците и посадата“изјавил Фицпатрик.

Патниците биле згрижени во хотел додека не им бил организиран нов лет. На Хитроу стигнале со осум часа задоцнување.

ohridnews