Фудбалерот на Барселона Жерер Пике смета дека екипата за која настапува пропуштила голема прилика да оствари поволен резулат во средбата со „најлошиот“ Реал Мадрид. Во најголемото дерби во светот „Ел Класико“, Реал Мадрид триумфираше со 2-0 и го презеде врвот во Ла Лига, токму од Барселона.
Реал Мадрид од првиот дел е најлошиот против кој имам играно во дерби средбите. Не го кажувам ова како критика. Пропуштивме голема прилика. Моравме да одиграме многу подобро во вториот дел во кој требаше да го добиеме натпреварот. – рече Пике.
Со победата од 2-0, „кралевите“ прекинаа црн низ на домашен терен против Барселона. Последен пат „лос бланкос“ големиот ривал пред своите гледачи го совладаа во 2016 година.
OhridNews
Ел Класико: Победа на Реал Мадрид за лидерска позиција во Ла лига (видео)