Пикап возилото Форд, кое било во сопственост на поранешниот американски претседател Џорџ Буш, било продадено на аукција за 300 илјади долари, а средствата ќе одат во добротворни цели, јавиле американските медиуми. Буш возилото го користел на својот ранч во Тексас, каде што живее, и го користел по зарвшувањето на мандатот во 2009 година.
Аукцијата била одржана во Аризона, а името на купувачот не било соопштено. Десното воздушно перниче има автограм од поранешниот претседател, а купувачот добил и ДВД на кое се гледа како Буш се потпишува на возилото, како и снимка на која тој го вози по ранчот. Буш бил претседател на САД од 2000 до 2008 година во два мандати.