Банкротирањето на Атлетико Мадрид, кој минатата сезона заврши на втората позиција во шпанската лига го отвори патот на Металург за пласман во Лигата на Шампиони.

Македонскиот вицепрвак Металург за пласман во елитното друштво ќе се бори во двомечит со Пик Сегед. Првиот натпревар се игра во Скопје на 28 август додека реваншот три дена подоцна.

Избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар минатата сезона го направија најголемиот успех во македонскиот ракомет откако успеаја да се пласираат меѓу осумте најдобри.

Ако Металург обезбеди пласман во ЛШ ќе биде втор македонскиот тим, по Вардар ПРО, кој обезбеди директен пласман.

Мх.П.