Резултатите од едно ново истражување покажуваат дека студентите постигнуваат подобри резултати на испитите доколку за време на полагањето пијат, верувале или не, обична вода! Истражувањето презентирано на Psychological Society Annual Conference не ја испитувало причината зошто пиењето вода ги подобрува оценките на испитот, но научниците претпоставуваат дека во позадина се неколку физиолошки и психолошки причини.
Една од нив е директното физиолошко влијание на хидратацијата врз способноста на размислување, додека другата причина би била влијанието врз смирувањето на студентите и намалувањето на анксиозноста за која се знае дека го намалува успехот на испитот. Ова воопшто не треба да не чуди ако знаеме дека повеќе од 90% од количината на крвта ја чини водата.
Недостатокот на вода може да го загрози нашиот крвоток предизвикувајќи пад на крвниот притисок, краткотрајно губење на свеста поради недоволната циркулација на крв во мозокот и другите органи.
Внимавајте дневниот внес на течности да биде поголем од излачената количина. Ако не сте сигурни дали дневниот внес на вода е доволен, проверете ја бојата од својата урина. Таа треба да биде светла и речиси безбојна.