Во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија „Про Музика“ и Центарот за култура „Григор Прличев“ утре вечер во Охрид концерт ќе одржи пијано дуото Билјана Димовска – Татјана Божиновска.

На програмата ќе бидат дела од Прокофјев, Пуланк, Дебиси и Равел.

Концертот ќе се одржи на малата сцена во Центарот за култура со почеток во 19 часот. Цената на билетот е симболична и изнесува само 50 денари.

Ohridnews