Џејсон Волис, 26-годишен Британец го запалил станот од човекот кој му должел пари за станарина. Отишол да го признае делото во полиција.

Џејсон влегол во полициската станица и им се извинил на полицајците бидејќи го запалил станот на Џејми Томас. Мирисал на алкохол и признал дека испил девет литри ракија. Полицајците не знаеле што да прават и прашале доктор за совет. Им рекол да му дадат пиво и дека на тој начин ќе се намали дејството на ракијата.


-Неверојатно. Зарем ова значи дека секој пијаница кој ќе дојде во станицата ќе добие пијалок – се запрашувал судијата Џералд Прајс.

Џејсон му објаснил на судот зошто го подметнал пожарот.

-Ми должеше пари и бев лут. Знаев дека не е дома па зедов весници, ги запалив и ги ставив на креветот – вели Џејсон.
Пожарникарите брзо интервенирале и спречиле да се прошири пожарот. Судијата го осудил на затворска казна бидејќи подметнување на пожар е сериозен прекршок.