Рудин Ленго – пијанист од Канада со албанско потекло, вечерва во рамки на фестивалот Охридско лето ќе настапи во катедралната црква Св.Софија.

Концертот започнува во 21 часот.

Изведбата на Рудин Ленго критиката ја карактеризира како „длабока, имагинативна и исклучително комуникативна“. Во изминатите неколку години тој освоил повеќе награди на натпреварите во Америка и Велика Британија меѓу кои „Glenn Gould School Concerto Competition“ (2012), „Knigge Music Competition“, „TD Elora Competition“ (2010), „William C. Byrd International Competition“, „Mary Winston Smail Memorial Award“ за најдобар пијанист, како и бројни стипендии и грантови од различни универзитети и фондации.

OhridNews