Седум возачи под дејство на алкохол биле затекнати на охридските улици во контролата што на 24/ 25. 10.2009 година, во времето од 22,00 до 05,00 часот, била спроведена од страна на сообраќајната полиција.

Во масовната акција на територијата на целата држава биле контролирани 1.729 возачи, од што 95 во Охрид.  Вкупно  959 возачи биле алкотестирани при што е утврдено дека 133 од нив, односно  13,9%, со возилата управувале под дејство на алкохол.

Најмногу возачи кои биле под дејство на алкохол се откриени на подрачјето на Струмица-20, Битола- 11, Скопје-10, ПС за БПС на автопат Петровец-8, Куманово, Охрид и ПС за БПС на автопат Тетово-по 7, ПС за БПС на автопат Демир Капија, Кавадарци, Гостивар, Кочани и Штип- по 6, Прилеп- 5 итн.

За сторените прекршоци на  возачите им се издадени налози за наплата на глоба и против  истите ќе бидат поднесени барања за поведување на прекршочна постапка до надлежните судови  за изрекување на заштитна мерка „забрана за управување со возило“.

Возачите под дејство на алкохол се исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи. Покрај откриените прекршоци-управување со возило под дејство на алкохол, во контролата откриени се и 146 други сообраќајни прекршоци, за кои против сторителите се преземени пропишаните законски мерки, соопшти МВР.

Ohridnews