Пет француски тинејџери од Бордо биле уапсени поради киднапирање лама од циркус и шетање на животното по градот. Откако четвртокот ноќта биле во еден клуб, групата момчиња влегле во затворениот циркуски шатор и „почнале да си играат со животните“, пренеле медиумите. Потоа одлучиле една од ламите, чие име е Серж, да ја поведат со себе. Прво сакале да поведат зебра, но таа не сакала да оди со нив.

Серж, меѓутоа, немал ништо против авантура. Момчињата ја повеле со себе ламата и ја внесле во трамвај. Авантурата била завршена кога патниците во трамвајот пријавиле до контролорот дека во возилото се наоѓа лама. кнтролорот го извел животното и го врзал за бандера. Фотографиите на ламата набрзо потоа се појавиле на интернет. На Фејсбук била оформена и страница за подршка на „петорката со ламата“, а француските медиуми известиле дека директорот на циркусот ја повлекол тужбата против тинејџерите. Серж сега повторно е во циркус и е во добра состојба.