Двајца пијани руси во сибирскиот регион Кемерово, секој себе, си ги исекле левите ува, бидејќи се обложиле дека ќе победат во туркање на рака, соопшти руската полиција. Тие двајца, славејќи православен Божик, се опиле и во таква состојба одржале една рунда во туркање на рака, пред која се договориле дека оној што ќе изгуби мора да си го отсече увото, навела полицијата, а пренеле агенциите.
Еден од нив победил во првата рунда, но другиот побарал реванш, во кој победил. Тие потоа заклучиле дека е праведно обајцата да си отсечат по едно уво. Полицијата соопштила дека потоа доброволно си ги отсекле левите ува, едниот целосно, другиот до половина, а поради повредите биле пренесени во болница.