Двајца полски градежници на  пат кон продавница за алкохолни пијалоци направиле штета од 70.000 евра. Имено, Марк Ковалски (27) и Томас Џовински (19) од Глогов во Полска биле на забава со колигите. Кога им снемало алкохол тие двајца тргнале по набавка со багер.


На пат до продавницата се залетале во паркирани автомобили, ѕидови и бандери. Од далеку можело да се види дека се пијани, а сопреле кога со багерот влегле во продавницата за алкохолни пијалоци.