Патнички авион од компанијата Jetstar морал да се врати во австралискиот град Дарвин само 30 минути по полетувањето поради пет пијани патници.


„За несреќа, тие се однесуваа толку непримерно па моравме да го вратиме авионот назад“ – рекол портпаролот на Jetstar, Симон Вествеј, не наведувајќи детали.

Полицијата ги дочекала пијаните патници на аеродромот а аионот по полнењето на гориво полетал после еден час.

Jetstar одлучил дека сепак нема да ги тужи патниците поради кои авионот морал да се врати.