Истражувачите откриле дека луѓето кога се пијани навистина го кажуваат она што го мислат, бидејќи алкохолот го инхибира нивното чувство за грижа на совест, срам или каење. Освен тоа, докажано е дека под влијание на алкохол луѓето се поискрени и поретко се повлекуваат поради стравот од последиците. Истражувачите од универзитетот во Мисури предводени од професорот Брус Бартолоу, поделиле 67 испитаници во две групи. Во првата имало 11 мажи и исто толку жени, кои пиеле сокови, во втората исто толку испитаници кои добиле пласибо пијалок, додека преостанатите 23 испитаници, 12 мажи и 11 жени, добиле вотка и тоник.

Секоја група потоа имала за задача да препознаат одредени карактеристики на лица на фотографии, а бележано било колку често прават грешки. Исто така имале задача самите да им пријават на истражувачите кога ќе погрешат. Тие забележале дека оние кои грешат следниот одоговор го даваат побавно, како грешката не би се повторила, но само во оние групи кои не конзумирале алкохол. Групата која пиела вотка-тоник воопшто не се стресирала поради грешките, и продолжувала да одговара продеднакво брзо. Тие биле свесни дека грешат, но едноставно не се грижеле околу тоа.