Вчера околу 10 часот и 45 минути, во  и  пред сендвичарата ,,Пинокио“  на улицата ,,Димитар Влахов,“ во Охрид  нарушен е Јавниот ред и мир со пукање од огнено оружје, соопшти СВР Охрид.

На лице место, екипи на СВР Охрид извршија  криминалистичко-технички увид при што е констатирано дека лицето К.Т. роден 1990 година од Охрид, под дејство на алкохол,  пукал со пиштол во воздух по што со неговиот  другар С.Л. роден 1989 година во Охрид , во сендвичарата започнале да викаат и  да го кршат инвентарот, а потоа го напуштиле местото.

По преземените мерки, СВР Охрид ги пронајде двете лица.Тие  се приведени а поради видна алкохолизираност и задржани  во станица. Во врска со настанот, во СВР Охрид обавен е разговор и  со лицето В.Н. роден 1990 година во  Охрид, од кого со потврда за привремено одземени предмети, одземен е  еден пиштол марка ,,Екол“ калибар 8 мм.

СВР Охрид презема дополнителни мерки за евентуално учество на уште едно лице во овој случај и  за целосно расчистување на  настанот. 

извор СВР Охрид