Откако ја прекинала врската со бејзбол играчот Даг Рајнхард (24), американската богаташка често ја гледаат како со пријателките ги посетува ноќните клубови во Лос Анџелес.


Парис Хилтон во вторникот заедно со својата сестра Ники била во западен Холивуд. Гостите во ноќниот клуб Трусделј им откриле на американските медиуми дека Парис била толку пијана што неколкупати паднала. Богатата наследничка пред неколку недели не ја пуштиле во ноќниот клуб Коашел, иако била пратена од голем број папараци и обожаватели.