Карен Ангус, 40-годишна мајка на три деца пиела вино и антидепресиви. Седнала во автомобилот и со својот мерцедес ја преминувала пругата во Њукасл. Некако завршила на шините и возела 700 метри. Во тој момент наишол воз кој за среќа бил на другата лента.
И запрел автомобилот и повеќе не можела да го стартува. Шокираниот возач на возот веднаш закочил и излегол да провери дали е се во ред со жената. Му рекла дека е алкохоличарка и дека имала лош ден. Повикал полиција и ја уапсиле. Судијата ја осудил на десет месеци затвор и и забранил да вози три години.