Една анонимна американка се појавила во затворот во округот Флаглер на Флорида и барала да и дозволат да води љубов со еден од затворениците. Иако имала дозвола само за обична посета, била одбиена бидејќи многу доцнела.
Меѓутоа затворот немал опции за брачни посети. Фрустрираната девојка се вратила нешто подоцна, но и пијана. Имала три пати поголема количина алкохол во крвта од дозволената. ја уапсиле за возење во пијана состојба, а подоцна ја ослободиле со кауција.