Една студентка од Тајван малку се напила, па во автобус заборавила виолина вредна дури 172 илјади евра. Американската полиција ја замолила јавноста за помош, како би ја пронашле вредната виолина која студентката на музичката академија ја заборавила во автобусот.
Полицијата во Филаделфија соопштила дека инструментот бил заборавен во преградата за рачен багаж во автобусот кој се обраќал на релација Бостон-Филаделфија. Неименуваната девојка изјавила дека зебележала како ја нема виолината дури кога се сретнала со семејството кај кое престојувала во Филаделфија.