Полицијата во Варшава уапсила пијана службеничка од железницата, која се забавувала така што ги сопирала автомобилите кои поминувале на преминот преку пругата на полската престолнина.
Полицајците стигнале веднаш после дојавата од уплашените возачи. Чуварката на рампата имала повеќе од 3 грама алкохол на литар крв, рекле од полицијата. Прижината за таквата нејзина ситуација бил нејзиниот 45-ти роденден.
Поради одењето на работа во пијана состојба и загрозување на безбедноста во сообраќајот и прети казна од 5 години затвор.