Студентите кои отишле на испитот по физика на факултетот во Казан во Русија сигурно не ни сонувале дека испитот кој започнал во десет часот утрото ќе заврши дури во девет часот наредниот ден. Еден студент раскажал дека пред крајот на испитот сите седеле потполно исцрпени. Професорката одела во друга просторија и пиела, а потоа се враќал о продолжувала со испитот.
Останатите студенти ја потврдиле неговата приказна. Велат дека професорката многу мирисала на алкохол, а за време на траењето на испитот не им дозволила да одат во тоалет. Шефот на одделението за физика, Алберт Аганов, ги демантирал нивните наводи и навел дека долгите испити не се ништо невообичаено. Тој изјавил дека доколку забележел дека професорката е пијана веднаш ќе ја отпуштел.