Германката Ангела Маиер тврди дека ги уништила сите 400 илјади евра кои ги освоила на лотарија како би спречила со нив да ја покрие сметката за медицинска нега на покојниот сопруг. Тоа го сторила откако испила пет шишиња шампањско. Во пијана состојба искинала 800 банкноти од по 500 евра и ги фрлила во тоалетот.

Вели дека парите одлучила да ги уништи кога ја добила сметката за пдомирување на услугите за давање домашна нега за покојниот сопруг кој не и оставил никакво наследство. Судот на кој се води процесот за подмирување на наведените сметки не и поверувал на зборовите па Ангела на крајот се согласила да плати 4000 евра спогодба.