Адриана Лима моментално се наоѓа во Париз каде снимала рекламна кампања за еден моден бренд, но слободното време го искористила да ужива во ноќниот живот на овој град. Имено, Адриана со своето друштво излегла во еден клуб во Париз каде во ВИП делот танцувала на актуелните музички хитови.

Во еден момент убавата манекенка малку повеќе се опуштила и престанала да ги брои пијалоците, што јасно се гледа на фотографиите кои го преплавиле интернетот. Адриана секојдневно ужива откако се сингл, со оглед на тоа што е постојано зафатена со нови работни проекти, а паузите ги користи за ноќни излегувања и забави со пријателите.