Британски турист пијан залутал во погрешна хотелска соба и легнал во креветот на шокиран пар од Шпанија. Парот спиел во својата хотелска соба на Ибица кога во нивниот кревет се нашол британецот Гери Стјуарт Оди. Шпанката се разбудила откако почувствувала како некој лежи врз неа. Во паника почнала да вриска кога сватила дека тоа не е нејзиното момче.
Обајцата скокнале од креветот и се обиделе да го истераат напоканетиот гостин. Речиси половина час го убедувале да си оди. За време на кавгата успеале да направат неред и да ја скршат светилката. Сеуште не е познато како Оди завршил во нивната соба иако со пријателите бил сместен во соба во хотел преку патот. Оди бил уапсен за провала, а обвинителите бараат да им го плати викендот на парот кој им го упропастил.