Американец од Вашингтон избегнал казна затвор откако судијата му наредил да застане покрај местото на несреќата со натпис “Бев глупав“. Шон МекКилен го прогласиле виновен поради штетата која ја предизвикал откако пијан со својот автомобил удрил во затворена врата од објект.
После инцидентот му рекол на полицаецот дека едноставно бил глупав. Судијата Паул Ленц едноставно „го држел за збор“ и му понудил да избере, или затвор или да стои покрај вратата која ја оштетил со натписот. Избрал да биде глупав.