Калифорниската полиција пронашла тригодишно момче кое таткото го оставил во автомобилот и го заборавил бидејќи во меѓувреме се опил. Момчето било пронајдено во Пасадена како мирно спие во автомобилот паркиран на еден километар од местото на кое 24 часа претходно неговиот татко бил уапсен поради нарушување на јавниот ред и мир.
Полицијата не знаела дали човекот имал дете бидејќи овој не можел да се сети дека има син, се додека мајката на детето не го пријавила неговото исчезнување. Момчето било пронајдено во релативно добра здравствена состојба. Таткото е во затвор и нема да биде ослободен доколку не плати кауција од 100 илјади долари.