Јуџин Ешли од Џорџија добил забрана за контакт со својот тригодишен син, откако му ги истетовирал иницијалите „ДБ“, скратеница од „Dady’s Boj“ (татин син). Тој ја признал вината дека на својот син Метју на десната рака му направил тетоважа, и за тоа бил казнет со една година условна казна и парична глоба од 300 долари.
Тој на полицијата и рекол дека бил пијан и дека не се сеќава на тетовирањето, кое било откриено кога претставници на социјалната служба го посетиле ова семејство поради пријава дека живееле во нечовечки услови. Тетоважата настанала уште 2009 година, кога малото момче имало само две години. Неговата мајка Ејми за овој чин дознала од синот, кој се фалел дека има вистинска тетоважа која не може да се измие. Таа рекла дека нема оправдување за својот сопруг. Малиот Метју рекол дека се сеќава кога татко му го тетовирал, и дека го болело само малку.