Едно Шведско семејство бара оштета од 30 илјади евра откако еден протестантски свештеник одржал задуша во пијана состојба. Освен што бил пијан, наводно и им намигнувал на присутните. На ќерката на покојниот и ја бакнал раката, а на една 20-годишна внука премногу и непримерно ја прегрнувал.


Во протесното писмо семејството напишало дека се било во ред додека не пристигнал свештеникот, а сега сите сеќавања на покојникот ќе биле поврзани со неговото непримерно однесување. Освен парите за оштетата семејството барало и да им се вратат трошоците кои ги платиле за погребот.