Калифорниската полиција соопштила дека вработен во обезбедувањето во куќата на Том Круз употребил сила на човек за кој се верувало дека е провалник, а се воспоставило дека станува збор за пијан сосед кој по грешка залутал на имотот. Поручникот Линколн Хосино рекол дека до инцидентот дошло во домот на актерот на Беверли Хилс во неделата ноќта, и дека во тој момент во домот на Том Круз немало никој.
Чуварот забележел човек кој ја прескокнува оградата како би влегол во дворот и употребил електричен пиштол како би го задржал до доаѓањето на полицијата, од каде соопштиле дека „провалникот“ бил идентификуван како сосед кој во моментот на апсењето бил пијан.