Пијаниот Шин Мекдауел (24) на улиците во Орегон, САД два пати се обидел да силува плишана жирафа која на крајот морала да биде спасена од полицајците. Бил многу воодушевен од нејзиниот изглед и одлучил да ја води дома. Кога се свртел здогледал полицаец, ја спуштил жирафата и заминал.


Подоцна истата вечер се вратил и повторно ја нападнал. Можеби таа ноќ не му одело со жените, а жирафата не изгледала лошо, се пошегувал полицискиот наредник. Жирафата висока 1,3 метри стоела пред една продавница за играчки. По овој настан ја тргнале од улицата поради нејзина сигурност.