Еден пијан руски возач бил предмет на исмејување во целиот свет. Имено, на ЈуТуб, излегол видео запис кој го снимила московската сообраќајна полиција, а во кој пијаниот возач откако го застанале се обидува да се јави кај некого. Не би било ништо чудно доколку наместо на мобилниот телефон, зборувал со својата дланка и кутија цигари.

Кога го забележала полицијата дека најпрво зборува со својата дланка, смеејќи се,  се обидела да му помогне. Еден од нив се приближил и се обидел да му го пронајде мобилниот телефон во џебот, но возачот се тргнал и повторно се обидел да се јави, но овојпат типкал броеви во кутија цигари, а потоа започнал разговор, најпрво со татко му, а потоа со негов пријател. Им порачал да се погрижат за оваа ситуација, а потоа паднал во несвест.