Пијан русин турнал сообраќаен полицаец а потоа се возел уште цел километар со полицаецот кој се држел за кровот од неговиот автомобил, соопштила во петокот локалната полиција.
Возачот застанал дури кога полицаецот на кровот испукал осум куршуми од својот пиштол, наведува полицијата.
Возачот не е повреден и моментално е во притвор каде чека да биде покренато обвинение, а полицаецот се здобил со гребаници на десната рака.